Спорт Тенис

Ѓоковиќ конечно стигна до јубилејната „стотка“ (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ стана само третиот тенисер во историјата во Опен ерата што успеал да стигне до 100 АТП титули во кариерата. Српскиот тенисер денеска славеше на турнирот од серијата 250 во Женева.

Ѓоковиќ во финалето го победи Хуберт Хуркач во три сета и тоа со пресврт. Првиот го загуби со 5-7, но следните два ги доби во тај-брејкот за да ја крене јубилејната 100-та титула во кариерата.

Тој сега им се придружи на Роџер Федерер со 103 и најтрофејниот Џими Конорс со 109 титули. Ѓоковиќ има 40 мастерс титули, 24 грен слемови, 15 титули на АТП 500 турнирите, 13 на 250, седум трофеи на завршните мастерс турнири и едно олимписко злато.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Кларк победник на Отвореното тениско првенство на Македонија

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Тетекс се врати меѓу второлигашите, драмата во Ѓорче решена на пенали

Дејан Дејан

Анчелоти и Модриќ се простија од Реал Мадрид (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе