Вести Македонија Топ вести

Продавале „молитви во тегли“ на блиски на загинатите во кочанскиот пожар – струмичката епархија пријавила измама во МВР

Од струмичката епархија на МПЦ-ОА информираа дека во полиција пријавиле случај на измама и злоупотреба на име на владика од Епархијата, а осомничена е Фејсбук група Библиска Македонија.

Од Епархијата алармираат дека станува збор за грозоморна измамничка шема „преку која лица под профилот Библиска Македонија продаваа „молитви во тегли“ и книги користејќи го името и авторитетот на викарниот Епископ Стобиски г. Јаков.“

„До нас стигнаа информации од оштетените граѓани, дел од нив роднини и родителите на загинатите деца во пожарот во Кочани, коишто, скршени од болка и барајќи утеха, подлегнале на лагите кои им ги пишувале луѓето кои се кријат зад профилот Библиска Македонија и порачувале од спорните реквизити. Целосно ја имаме во предвид ранливоста на оштетените, кои од небрежност, не сакајќи поверувале на оваа измамничка шема, која е сѐ, само не во духот на православното христијанство“, соопштија од Епархијата, со тврдење дека ниту еден владика не стои, ниту дал благослов за такви понуди кои се шират преки вибер групи.

Случајот е пријавен во полиција, информираат од таму.

На ФБ профилот Библиска Македонија се споделуваат главно видеа со религиозни пораки од владики и црковни лица, а меѓу најчестите видеа на овој профил се обраќања на владиката Јаков.

По повеќенеделното лекување во странство, повредените во страотниот пожар во ПУЛС ја продолжуваат борбата во кочанската болница

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе