Оклахома го потврди фаворитскиот статус и поведе со 1-0 против Минесота. во финалната серија на Западната конференција во НБА-лигата.
Тандер дојде до убедлива победа против Тимбервулфс од 114-88 на домашен паркет. Шеи Гилџеус-Александер постигна 20 поени од неговите вкупно 31 во второто полувреме и беше лидер на својот тим до триумфот. Минесота немаше многу расположени играчи во нападот, па најефикасен беше Џулиус Рендл со 28 поени, а првата ѕвезда Ентони Едварс реализираше 18. Ниту еден друг кошаркар на гостите немаше двоцифрен ефект во нападот.
Следниот натпревар е за два дена повторно во Оклахома, а вечерва во 2 часот по полноќ треба да се одигра и првиот меч од финалето на Источната конференција помеѓу Њујорк и Индијана.