Вести Економија Најважни

Избор меѓу Ангеловска Бежоска, Славески и Ставрески – кој ќе биде нов гувернер на Народната банка?

Истекоа двата дена кои ги побара претседателката Гордана Сиљановска Давкова за да предложи кандидат за гувернер на Народната банка. Таа вчера изјави дека знае кого ќе предложи, но не го откри името.

Во игра за прв човек на Народна банка се актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, професорот на Економскиот факултет, Трајко Славески и поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески.

Славески е актуелен претседател на Советот на Град Скопје и поранешен министер за финансии. Но, тој е член и на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а гувернерот и вицегувернерите, според закон, за време на мандатот не смеат да бидат членови на политичка партија или синдикат.

Поранешниот министер за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески, за кого се шпекулира дека е најсериозен кандидат за функцијата, во моментов е советник на премиерот за финансии и банкарство.

Тој не е член на актуелните партиски органи, иако за време на министерскиот мандат, исто така, беше член на извршниот комитет. Има работно искуство во Светска банка, беше чувар на државната каса повеќе од шест години и десна рака на експремиерот Груевски кој е во бегство.

Услов за идниот гувернер е да ја одржи стабилноста на денарот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Mицкоски причината за испадите на електричната мрежа ги лоцира во фотоволтаиците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе