Вести Македонија Најважни

По повеќенеделното лекување во странство, повредените во страотниот пожар во ПУЛС ја продолжуваат борбата во кочанската болница

Дарко Златев по поминати 41 ден во болницата во Белград, веќе десет дена е на интензивна рехабилитација во кочанската болница. Изгореници по двете раце се последиците по пожарот во дискотеката „Пулс“, каде што таа вечер бил со пријателите.

Имал трансплатација на кожата и на прстите на двете раце, според лекарите во наредните две години мора да внимава, бидејќи ќе му се појавуваат рани,а треба да се пази од сонце и комарци.

Задоволен е од медицинскиот кадар во Кочани, кој прави се за да почне да ги движи прстите и да му се повлечат лузните.

Па условите се се толку добри. Докторите се добри, а условите се на минимум. Немаме како прво и основно лепенки, што ни ги припишуваат докторите. Тие вазелински лепенки, потоа завои, не завои туку ластиците, стегачите ги немаме. Нема каде да не премие докторката, во умивалник ни ги премива раните. Никакви услови немаме, вели златев.

Кремите кои српските лекари му ги имаат препишано мора сам да си ги купува, бидејќи ги нема во македонските аптеки, а лекарката од кочанската болница стегачи нашла во Битола и обезбедила за сите пациенти.

Дарко е семеен човек, има две деца, упорен е и редовен на терапиите, со цел побрзо да си го отвори вулканизерскиот дуќан, бидејќи, како што вели од платата на сопругата не може да се преживее.

Имам свој дуќан, вулканизерски, моментално е затворен, затоа што нема кој да работи. Како да кажам, во Македонија со две плати не се живее, а камоли со една, вели златев.

Двајца физијатри, двајца хирирузи, физиотерапевти и инструментарки од Штип, Кочани и Скопје работат со околу 110 пациенти, кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Најголемиот товар сепак е на вработените во кочанската болница. Тројцата физиотерапевти дневно работат со по 12 или 13 пациенти, а реквизитите за терапија им се обезбедени од донации

Па ние сме толку креативни, што се снаоѓаме со едноставни работи. Овие реквизити ни ги подарија колегите што дојдоа да нѐ обучуваат од странство и мислам дека добро се справуваме. во моментов со овие, се додека не добиеме друга донација или некој да ни помогне, си ги поделуваме реквизитите од една на друга колешка. Дезинфецираме во меѓувреме, за да следниот пациент ги користи, вели физиотерапевтката Јагода Стојанова.

Условите во болницата која е отворена пред 40 години се такви – какви што се, и потребно е да се реновира, но во моментов за да им се излезе во пресрет на пациентите под итно е потребно вработување на медицински сестри.

Во кочанската болница утринава пристигна тим од лекари од Скопје, кои во наредните четири дена ќе ги прегледат сите пациенти и треба да утврдат во која насока ќе се движи нивната рехабилитација.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието, бидејќи Собранието одлучи врз основа на фалшлива одлука на Судски совет

Дејан Дејан

Косово со забрана за увоз на пилешко месо од Бразил – причината е појава на птичји грип

Дејан Дејан

Велика Британија ги суспендираше трговските разговори со Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе