Дали знаеме кои професии се навистина барани во Македонија, а кои се веќе презаситени? Зошто младите често избираат насоки што не гарантираат вработување? Каде е решението – во подобро планирање, во советување за кариера или во поголема соработка меѓу образованието и стопанството?
Податоците на Заводот за статистика покажуваат висока невработеност кај младите – секој четврти човек до 29 години е невработен. А младите сè уште избираат насоки што не гарантираат вработување! Ако не знаеме самите – можеби треба да препишеме. Во Холандија не може секој да студира што сака. Таму образованието се води според национална стратегија и реална пазарна побарувачка. А, кај нас? Имаме премногу правници и економисти, а ни недостига стручен кадар.
Зошто образованието произведува невработени наместо професионалци?
Анкета: Што вреди повеќе денес: а) Диплома или б) Занает?
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.