Вести Економија Топ вести

ЕСМ низ бројки – милиони евра плус за плати, милиони евра плус за долгови и пенали

За околу 15 милиони евра пораснал трошокот за плати и надоместоци во ЕСМ минатата година, во однос на 2023, пишува во најновиот извештај на компанијата. Електрани во моментов е меѓу оние со поголем минус во касата, но и големи долгови.

Од бројките во документот може да се види дека примањата на членовите во Управниот одбор достигнуваат и до 2.500 евра. Таму има 7 лица, па според некоја груба пресметка за нивните примања, месечно се издвојуваат над 13.илјади евра.

Од новото раководство на ЕСМ тврдат дека платите се исти, како и коефициентите и дека до промена на примањата може да дојде, само поради евидентираниот раст на просечната плата минатата година.

Инаку, лани во Управниот одбор учествуваа лица и од претходната влада, а во август по промената на власта, беа назначени нови членови.

Во делот на зголемениот трошок за плати удел има и тоа што е пораснат бројот на работници, односно во евиденцијата се вклучени и оние од ТЕЦ Неготино, централа која претходно функционираше како посебен правен субјект, но влегуваат и други вработувања кои биле направени.

За околу 60 отсто зголемени се трошоците за административните и судски такси, но пораснале и за нотарски и адвокатски услуги. За фрапантни над 1.000 отсто се зголемиле и трошоците за казнени пенали, надоместоци на штети, во однос на она што било планирано за лани.

Заклучно со декември 2024 година, ЕСМ има евидентиран долг од речиси  200 милиони евра за долгорочни кредити кон домашни и странски банки. А лани била набавена и струја во вредност од 100 милиони евра – дел од домашната берза, дел од отворен пазар.

Околу 3 милиони евра повеќе пари се потрошени и за закуп на преносни капацитети за пренос на природен гас. Но, според објаснувањето од ЕСМ ова произлегува од договорот со Александропулос.

Ова се се случува во ЕСМ кога важи за голем загубар и во касата има минус од 123 милиони евра. За разлика од електрани втората поголема енергетска компанија МЕПСО во моментов работи со добивка. Таму успеале и да си ги качат платите за 26 отсто, па така просечната достигна до 1.000 евра. Сепак, во нивниот годишен извештај примањата на оние кои се дел од  управниот одбор не се објавени.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе