Вести Македонија Топ вести

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на мерката притвор со куќен притвор за екс-министерот Крешник Бектеши и за поранешниот државен секретар во економија, Чекиќ Дуровиќ, а за 18 други е предложено продолжување на претходно определени мерки. По предлoзите на обвинителството ќе одлучува Судот. Обвинителскиот тим кој постапува во предметот за трагедијата во “Пулс”  привршува со распитот на сведоци. Информираат и дека интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди.

Претходно претседателот на Судски совет, Александар Камбовски соопшти дека судијка од Велес ќе биде префрлена во судот во Кочани – Ова како што рече, нема да го реши  проблемот со недостиг на судии во градот, но ќе ја ублажи состојбата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Пациентката со рак на бели дробови прими втора хемотерапија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе