Кој ќе ги пополни испразнетите министерски места откако Арбен Таравари објави дека Алијанса дефинитивно излегува од Владата?!
Од коалицијата тврдат дека засега нема преговори, а за промените на министри потребен е политички договор, вели еден од лидерите на Вреди, Биљал Касами.
Алијансата за Албанците завчера едногласно одлучи да делува од опозиција, а Таравари ги адресираше и причините за одлуката – вперувајќи го прстот во отстранувањето на Балансерот и маргинализацијата на Албанците во институциите.
Во насока на ова, првиот вицепремиер Меџити тврди дека за кратко ќе биде готово конечното решение за Законот за правична застапеност, на кој работат повеќе експерти ангажирани од партиите и Владата.