Вести Свет Топ вести

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

САД од сојузниците во НАТО бар трошењето за одбраната од два да се зголеми на пет проценти од БДП, што утре ќе биде ставено на маса на неформалниот министерски состанок на Алијансата во Турција. Ова го соопшти Метју Витакер, амбасадорот на САД во НАТО, најавувајќи и дека државниот секретар на САД, Марко Рубио, во Анталија очекува и да ги обнови врските со своите колеги.

„Овој министерски состанок ќе биде поинаков, сите знаете за повикот на претседателот и потпретседателот до членките на НАТО да го прифатат новиот одранбен инвестициски план од пет проценти од БДП. И очекуваме да слушнеме повеќе детали оваа недела како нашите сојузници ќе овозможат тоа да се случи. Пет проценти не се само бројка, тие се неопходност за нашата безбедност“ изјави Метју Витакер, постојан претставник на САД во НАТО.

Тој информираше дека од изборот на Трамп за претседател, 20 сојузници веќе ветиле дека ќе го зголемат трошењето во одбраната.

Витакер на он-лајн брифингот за повеќе од 200 новинарите појаснуваше дека ваквото ниво на инвестиција е потребно за да се обезбеди дека сојузниците се способни за одвраќање и одбрана на Алијансата и да придонесат за колективната безбедност, пред се да можат да одговорат на заканите на 21 век.

Освен зголемување на трошоците за одбраната, САД бараат и фер третман на американската одбранбена индустрија од ЕУ партнерите.

„Додека работиме заедно во јакнење на тарансатлантската соработка на полето на одбранбената индустријата, способностите на одбранбената индустрија мора да вклучуваат и фер третман на американските компании за одбранбена технологија. Исклучувањето на не-ЕУ индустриите во ЕУ одбранбените иницијативи ќе ја поткопа интероперабилноста на НАТО, ќе го забави повторното вооружување на Европа, ќе ги зголеми трошоците и стабилноста на иновациите“, рече Метју Витакер, постојан претставник на САД во НАТО.

За намалувањето на военото присуството на САД во Европа Витакер рече дека тие не се повлекуваат од Европа и се водат дискусии со сојузниците за да се обезбеди дека нема да има безбедносни дупки ако САД мора да одговори на закани на своја територија. Притоа Витакер го повтори барањето на Вашингтон европските сојузници да бидат безбедносно поспособни и еднакви партнери на САД.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе