Вести Македонија Топ вести

РЕК Битола се подготвува да отвори нов рудник на јаглен во близина на постоечките рудници

Пет  години пред стартот на зелената транзиција во Македонија и напуштање на производството на струја од фосилни горива, процес што треба да започне во 2030 година, РЕК Битола се подготвува да отвори нов рудник на јаглен во близина на постоечките рудници. Најоптимистичките најави се дека активностите ќе почнат 2026, а подготвителниот период ќе трае три години. Рудникот ќе има експлоатационен век само 4 години,  но од  Државните електрани велат дека со јагленот од Живојно се очекува Македонија да стане целосно независна од овој енергенс, што подразбира и намалување на производствената цена на струјата.

Во цела мера ќе се покрие производтството од сопствени ресурси, ќе се напушти набавката на увозен јаглен, што е со релативно висока цена и има директно влијание на цената на електричната енергија со тоа ќе се пренесе и на  социјалните  и економските аспекти Тони Ангелевски“, директор за развој и планирање во РЕК Битола.

Но, колку ќе загадува новиот рудник и колку ќе  чини здравјето на  населението  во негова близина? Дали државата ако заштеди на цената на јагленот, од друга страна ќе  има  финансиски импликации врз здравствениот систем? Министерството за животна средина, денеска на јавна расправа ја  презентираше Студијата, која ја изготвија надворешни експерти. Во овој документ се наведува дека рудникот ќе има ниско влијание врз загадувањето на површинските и подземните водите, а нешто поголемо, но не високо врз загадувањето ан воздухот.

Што се однесува на влијанието на воздухот, нормално, се очекуваат негативни влијанија од емисијата на прашина предизвикана од рудничките активности, на копање, транспортирање, потоа  емисија при дување на ветер и други непогоди. Овие влијанија ќе бидат локални, а се очекува и емисија на штетни гасови од градежната механизација. Овие влијанија се со средна магнитуда и мало до средно значење“ вели Магдалена Трајковска Трпевска, Технолаб Скопје.  

РЕК Битола е еден од најголемите загадувачи во индустријата кај нас. Електростатските филтри на блоковите во РЕК Битола кои треба да ја намалат емисијата на прашина во воздухот не се реконструирани над 40 години, односно од постоењето ан комбинатот. Често не се почува и протоколот при отпепелување, поради што ОЈО Битола минатиот месец оформи предмет  и истражува дали има пропусти при одлагањето на пепел на одлагалиштето во Комбинатот.

Eмилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во сабота во Градскиот парк завршен настан на вториот дел од кампањата „Крени глас“

Дејан Дејан

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

Обвинителството бара казни за модуларна,обвинетите слобода – додека роднините на загинатите, 3 години и 8 месеци чекаат правда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе