Македонската ракометна репрезентација по вчерашната убедлива победа против Литванија со 26-17 во последното коло од квалификациите го осигура пласманот на Европското првенство во 2026 година што ќе се одржи идниот јануари во Шведска, Норвешка и Данска.
За нашите ракометари ова е осмо Европско првенство по ред, а вкупно деветто во историјата со што ја продолживме неверојатната низа на учества на 15 големи турнири во низа тука вклучувајќи и Светските првенства.
Македонија своите ривали на континенталниот турнир во Скандинавија ќе ги дознае веќе во четврток (15-ти мај) од 19 часот за кога е закажана ждрепката во Хернинг, Данска. Очекувано нашите ракометари се најдоа во третиот квалитативен барабан заедно со селекциите на Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка и Полска, што значи дека овие репрезентации не можат да бидат нашите ривали на турнирот, барен во првата групна фаза.
Во првиот барабан се најдоа најквалитетните селекции како Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија и Словенија. Во вториот се Португалија, Норвешка, Исланд, Хрватска, Шпанија и Фарски Острови. Во најслабиот четврти барабан се репрезентациите на Грузија, Србија, Швајцарија, Романија, Украина и Италија.
За време на ждрепката репрезентациите ќе бидат поделени во шест групи со по четири тимови. Шест земји веќе се распоредени, па така Германија е игра во групата А во Хернинг, ко-домаќиот Данска ќе игра во групата Б во истиот град, а Шведска е во групата Е во Малме. Норвешка е во групата Ц во Осло, а во норвешкиот главен град ќе игра и Фарски Острови во групата Д, додека Исланд е во групата Ф во Кристианстад.
Фото: Игор Паневски