Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Никој не сака во име на Владата да става смајлиња и лошковци на новинарските и медиумските известувања, но распишан е нов тендер

Пропадна тендерот на владината Служба за општи и заеднички работи на која се бараше фирма која со софтвер ќе ја следи работата на медиумите и ќе ги оценува новинарските извештаи и стории како позитивни, неутрални и негативни. Владата не се откажа од оваа моќна алатка, туку на тендерот не се пријавила ниту една фирма.

Откако првиот обид не помина и поништувањето беше објавено на 22-ри април, само три дена подоцна, минатиот петок СОЗР распиша ист таков оглас повторно. Се бараат истите работи. Оценка на новинарски текстови и објави на социјални мрежи и проценка на карактерот на напишаното, како во првиот оглас.

-Услуга за мониторинг (медиа клипинг) е услуга која треба да обезбеди редовно и навремено следење на елекстронските (ТВ), печатените (весници, списанија, магазини), интернет медиумите (он-лајн медиуми, портали, агрегати итн) и социјалните мрежи (Фејсбук, X, Инстаграм, Јутјуб, ТикТок, Линкедин итн) на македонски и албански јазик во Република Северна Македонија, стои во огласот за тендерот.

Цената на услугата повторно не е наведена и во новиот оглас, но извештаите се наменети за триесет државни институции. СОЗР претходно објави дека огласот е планиран со годишниот план за јавни набавки и е наменет за подобро информирање на институциите. Од друга страна, идејата за такво владино оценување на новинарските содржини, од фелата и експертите се гледшае како ризик по медиумските слободи и слободата на изразување.

Ова не е единствен проект на владата поврзана со јавно мислење. На 19-ти март владата потпиша двегодишен договор вреден околу 390 илјади евра со Маркет Висион, а првото истражување на јавното мислење уште не е готово.

Во тендерот беше наведено дека веднаш по потпишувањето, за 18 600 евра ќе биде осмислено и реализирано почетно истражување на јавното мислење за квалитетот на владините политики и ефикасноста на нивните спроведувања.

-Во врска со Вашите прашања Ви посочуваме дека истражувањето не е завршено, сѐ уште е во тек и штом биде финализирано истото ќе биде достапно на јавноста, ни одговорија од владата.

Помина речиси месец и половина, почетното истражување не е направено, а во рок од три месеци за иста сума треба да биде подготвено и ново истражување. Во меѓувреме, во период од 20-ти март до 17-ти април, агенцијата Маркет висион изработи анкета по нарачка на веб медиумот mkd.mk во која беше мерен партискиот и политичкиот рејтинг како и ставот на граѓаните за државните приоритетни проблеми и работата на владата.

Поради нискиот партиски и лидерски рејтинг објавен со таа анкета, СДСМ обвини дека Маркет висион е фирма блиска до ВМРО-ДПМНЕ, омилена на екс премиерот Груевски и поради тоа го добила големиот тендер од пари на граѓаните. Власта им врати дека граѓаните добро ја оцениле посветената работа и залагањето на владиниот кабинет.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски задоволен од склучениот договор за минерали со САД

Дејан Дејан

Според ИНСТАТ на аеродромот во Тирана во првиот квартал од годинава регистрирани се  2 милиони патници

Дејан Дејан

САД инвестираат 500 милиони долари за универзални вакцини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе