Вести Култура Македонија Топ вести

По велигденскиот кикс со неисплатени плати и изјавите на министерот Љутков, Синдикатот во културата се подготвува за штрајк

Советот на Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) најави дека денеска ќе донесе одлука за започнување на процедурата за штрајк во културата, информираа од синдикатот синоќа откако претходно организираа протести пред Министерството за култура, а министерот Зоран Љутков во интервју најави дека проблемите со задоцнетите плати ќе бидат надминати денеска.

Во објава на ФБ,  СКРМ наведе дека “насоките што денеска ги добиле директорите во институциите за изготвување на мартовската плата за вработените во културата се спротивни на Колективните договори.”

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во интервју за Сител изјави дека е направена нова пресметка за платите и оти се усогласени Општиот и Посебниот колективен договор. Тој рече дека се надева дека денес околу 3 000 луѓе вработени во културата во 120 институции ќе ја добијат мартовската плата (која доцнеше и не беше исплатена во законскиот рок пред празничниот викенд).

Но, од Синдикатот наведуваат дека новите пресметки не се прават согласно правните толкувања.

-Направено е квази толкување на одредбите од Општиот колективен договор за јавен сектор. Направени се весели математики, а се со цел да се скрати од тоа што законски им следува на вработените. Во насоките од Министерството за култура, кои се дадени без потпишан изготвувач на истите, директорите се принудени да ги поништат старите решенија за плата и да изготват нови по даден терк, соопштија од СКРМ.

Бидејќи се појавува ситуација  еднаш стекнато поповолно право да се заменува со друго понеповолно, СКРМ најавува кривични пријави против директорите кои ќе ги користат насоките на министерството и започнување на процедура за штрајк.

-Заради тоа што се прават овие непромислени игри и математики на штета на вработените.
СКРМ останува на Одлуките донесени на последниот Совет:
1. Кривични пријави до сите директори кои со нови решенија за пресметка на плата ќе им ги скратат правата на вработените согласно Колективните договори,
2. Тужби за задоцнети плати,
3. Тужби по сите основи доколку се исплати платата за месец март во спротивност со Колективните договори, објавија од СКРМ.

Синдикатот за култура бара почитување на колективните договори и на законите

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Помали царински стапки за 67 стоки, се либерализира трговијата со САД – усвоени измените на Законот за царинска тарифа

Дејан Дејан

Избегнувајте работа на отворено од 11 до 17 часот – владата со мерки поради топлото време

Дејан Дејан

Трамп: Путин се јави и праша дали ни треба помош со Иран, му реков „ни треба со вас“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе