Претпладне сончево со умерена облачност, а попладне променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 9°C, а максимумот од 17 до 23°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
6 Попова Шапка, 8 Берово, Крушево, Маврови Анови, 9 Крива Паланка, 10 Тетово, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Куманово, Виница, Струмица, Кавадарци, 11 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, Штип, 12 Демир Капија, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
5 Прилеп, Берово, 3 Крива Паланка, Куманово, Охрид, Крушево, 2 Претор, Штип, Виница, Велес, Кавадарци, Маврови Анови, Тополчани, Пожар-Радовиш, 1 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Битола, Демир Капија, Струмица, Тетово, Пожаране, Попова Шапка.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 10.0, Преспанско Езеро 6.0, Дојранско Езеро 14.5.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/