Пациентите на Клиниката за онкологија повторно се соочуваат со недостаток на клучни лекови, од кои директно зависи нивниот живо „Иако Клековски јавно ветуваше дека нема да се случи повторно да нема лекови, оваа недела повторно има недостиг на терапија што ја примаат голем број пациенти два пати месечно“, реагираат од опозициската СДСМ.
За партијата, „ова е директен удар врз здравјето на пациентите за кои овие лекови се животно потребни“. Според нив недозволиво е во 21 век да нема континуирана достапност на основна терапија за најтешко болните.