Вести Економија Свет

Бербок: Економската безбедност е дел од пошироките безбедносни грижи

Германската министерка за надворешни работи во заминување, Аналена Баербок, изјави дека економската безбедност е поврзана со „целокупната безбедност“.

Бербок ова го кажа пред средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО која се одржува еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави нови царини за сите увозни производи.

Бербок, која пристигна во Брисел по посетата на Украина и Молдавија, рече дека прашањата за економската безбедност не можат да се одвојат од прашањата за „нашата безбедност“, за што доказ е и хибридната војна што ја употреби рускиот претседател Владимир Путин.

„Повеќето држави во овој свет не се заинтересирани само за правични безбедносни правила, туку и за фер и слободна трговија“, рече таа, додавајќи дека Европа е „силно позиционирана да се заштити себеси“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе