Вести Економија Топ вести

Дел објавија огласи за вработување, дел ја следат ситуацијата – Хјундаи, Киа и Самсунг испитуваат можност за враќање во Русија

Големите јужнокорејски компании засилено ја проверуваат можноста за враќање во Русија, користејќи ја приликата што ја отворија преговорите за крај на војната во Украина, пишува „Кореја тајмс“.

Јужнокорејскиот весник додава дека санкциите кон Москва веројатно ќе бидат укинати, ако Русија и Украина, по договорот за запирање на нападите врз енергетската инфраструктура, потпишат и мировен договор. Тоа, пак, според „Кореја тајмс“ ќе им овозможи на корејските компании повторно да работат на рускиот пазар.

Вредноста на руско-јужнокорејската размена во 2021 година изнесуваше 29,9 милијарди долари, а Русија беше на 12-то место на листата на извозни пазари на компаниите од Јужна Кореја.

„ЛЏ Електроникс“, дел од големата група на јужнокорејски компании, неодамна обнови дел од своите бизнис активности во Русија, објави „Кореја тајмс“. Фабриката пред војната произведуваше машини за перење и фрижидери.

„Целта е да се спречи пропаѓање на производствените погони кои мируваат од почетокот на војната“, изјави првиот човек на „ЛЏ Електроникс“ за „Кореја тајмс“.

И „Хјундаи Мотор Груп“ ја проучува можноста за враќање на рускиот пазар по завршување на војната. Компанијата, заедно со Киа, беше при врвот на листата со популарни брендови во Русија во 2021 година. Во декември во 2023 година го продадоа погонот во Санкт Петербург за 10.000 рубљи (120 долари), со можност за откуп во рок од две години.

„Никаква одлука не е донесена“, нагласи претставник на „Хјундаи Мотор Груп“, додавајќи дека компанијата внимателно ја следи ситуацијата.

Киа, Хјундаи Мобис и Хјундаи Стил неодамна објавија огласи за вработување во Русија. Можност за враќање на рускиот пазар разгледува и „Самсунг Електроникс“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе