Муслиманите ширум светот утре ќе почнат да го слават Рамазан Бајрам, еден од најголемите празници за исламските верници.
Празникот, кој трае три дена, го означува крајот на триесетдневниот рамазански пост, во кој верниците се воздржуваа од сите гревови, го обновуваа своето знаење и ја потврдија својата покорност кон Бога.
Првиот ден започнува со утринска молитва наречена Бајрам намаз, 45 минути по изгрејсонцето. По утринската молитва, верниците одат на гробиштата да се молат за покојникот, а потоа ги посетуваат роднините, соседите и најблиските пријатели.