Вести Македонија Наука и здравје

Експертско предупредување за креми за изгореници кои се продаваат на интернет- кочанската болница има услови за третман на повредените во пожарот, но нема кадар и материјали

Направени се увиди во кочанската болница и стручната проценка е дека има услови за лекување и третмани на повредените во пожарот во кабарето Пулс, но нема доволно кадар и материјали. Решението е испраќање на повеќе тимови како и материјали за преврска и третман на изгореници.

Пластичните хирурзи апелираа да се внимава на препарати за изгореници кои се продаваат на интернет и преку социјални мрежи.

-Вчера некој ми спомна дека има некои мелеми кои се продаваат на социјалните мрежи. Не знаеме од какво потекло се и дали се стерилни или не. Да апелирам, затоа и со министерството за здравство се овие доктори кои ќе одат во Кочани за да бидат правени преврски во стерилни услови и со стерилни инструменти, рече Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директор на Клиника за пластична хирургија.

Опозицијата бара анкетна комисија за кочанската трагедија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп „не се шегува“, размислува за трет претседателски мандат

Дејан Дејан

Крвав пир во Мајами: Возач на автобус извадил пиштол и почнал да пука по патниците

Дејан Дејан

(ФОТО) Eвропски стартап го заврши пробниот лет на својата орбитална ракета по само неколку секунди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе