Вести Македонија Најважни

(Видео) Младиот херој Јован Костадинов со аплауз пречекан за спасувањето на повеќе од 20 млади во пожарот во Кочани

Младиот 19 годишен херој Јован Костадинов, кој спаси повеќе од 20 млади за време на траорниот пожарот во дискотеката Кочани е во добра состојба се врати дома. Тој беше пречекан од соученици во гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница со транспаренти за благодарност за неговата пожртвуваност и храброст, како и со аплауз.

Јован кој за време на пожарот постапил како вистински херој, влегувајќи и излегувајќи од пожарот со цел да спаси што повеќе луѓе го ризикувал својот живот без ни малку себичност и со голема храброст, без да се спротистави на стравот од пламените јазици. Лузните на телото на Јован го покажуваат несекојдневното јунаштво кое треба да биде пример за сите нас.

Mинистерот за здравство Арбен Таравари за Јован напиша дека не е херој само на Кочани туку и на цела наша држава.

„Денеска, со длабока емоција и бескрајна гордост, ви ја споделувам веста дека Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот во трагедијата со пожарот во Кочани, конечно се врати дома. Постојат моменти кога зборовите не се доволни, а ова е еден од нив. Како да се опише душа толку храбра и несебична, која во мигови на паника и опасност не помисли на себе, туку само на другите? Јован, кој има само 19 години, постапил како вистински херој. Влегувал повторно и повторно, не еднаш, не двапати, туку повеќе од 20 пати, за да помогне на оние што биле заробени во пламените. Го ризикуваше сопствениот живот за да спаси други. Неговото тело ги носи лузните од неговото јунаштво, но неговото срце носи нешто далеку поголемо: почитта, восхитот и љубовта на цела нација. Јован не е само херој на Кочани. Тој е херој на целата наша држава. Симбол на тоа што значи да се стави човечноста над стравот. Потсетник за сите нас колку многу може да направи еден човек со големо срце. Добредојде дома, Јован. Твојата приказна ќе живее вечно, во животите што ги спаси, во семејствата што повторно се заедно и во срцата на секој граѓанин што сега го знае твоето име. Во име на сите граѓани, јас ќе кажам едно нешто, јасно и гласно: Никогаш нема да заборавиме“ напиша министерот Таравари на неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсубк“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе