Опасност на мостот Гоце Делчев една од најфрекфентите сообраќајници во Скопје каде што дневно минуваат безброј возила. Оградата на овој мост веќе некое време нема заштитна функција, бидејќи е откачена на неколку критични точки.
Делови од оградата се веќе извиткани, и прекршени. Тие се откорнати од асфалтот. Станува збор на лентата од улицата која што води накај трговскиот центар Мавровка. Оградата е извиткана и откорната од асфалтот, па така ја губи својата основна намена за која првенствено е поставена. Во ваква состојба, оваа лента не е безбедна за илјадници возачи што поминуваат со автомобили, автобуси, товарни возила.
Состојбата во која се наоѓа оградата е навистина загрижувачка. Со минувањето на самите возила, оградата се тресе и се придвижува, и со мал судир со оградата, има голема можност да се откачи.