Вести Свет

Страстите во Истанбул не стивнуваат – ноќеска приведени 343 лица

Не стивнуваат страстите во Истанбул по апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу кој е обвинет е за корупција и за помагање на терористичка групација. Десетици илјади демонстранти веќе четврти ден се на улица во знак на негова поддршка. Иако протестите се воглавно мирни, сепак, во текот на ноќта се уапсени 343 лица.

Поддржувачите на Имамоглу сметаат дека неговото притворање е недемократско и политички мотивирано и се на став дека демократијата во земјата е сериозно загрозена. Актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган го гледа Имамоглу како главен политички ривал, а демонстрантите во него гледаат иден шеф на државата. Но, жителите на Истанбул и демонстрантите од другите градови со помешани реакции за апсењето.

Турското министерство за внатрешни работи предупреди на нулта толеранција за „хаосот и провокациите“. Претседателот Ердоган, пак, ги критикуваше апелите за протести по апсењето на Имамоглу и најави дека државата одлучно ќе одговори на протестите.

Ердоган доминира во турската политика од 2003 година, прво како премиер, а од 2014 година и како претседател. Во тој период ја предводеше неговата Партија на правдата и развојот до изборни победи. Неговите критичарите сметаат дека во последната деценија ја зацврстил својата контрола на штета на турската демократија, давајќи го водењето на државата на лојалисти.

Сашко Димовски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе