Вести Македонија Топ вести

Клековски: Пациенти од Кочани се лекуваат во 14 држави- лекари од Чешка веќе се во земја, ќе дојдат и британски експерти за помош во наредните фази на лекување

На прес конференцијата на претставници на Кризниот штабво владата беше укажано дека голем број од пациентите се згрижени во странски болници.

-Во 12 земји имаме пациенти од Кочани, во над 25 болници. Денеска има можност да порасне бројот на 14 земји каде имаме транспортирано, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Тој посочи дека претходно во државата „годишно имаме околу 100 изгореници и тоа вклучува од сите можни причини.“

-Изгореници од пожар се најтешка категорија затоа што покрај кожа, има и респираторни оштетувања. Во 2024 сме имале пет тешки случаи со висок степен на изгореници.  Во државата имаме три болници со одредени искуство со изгореници – Клиника за Пластична хирургија, стара Градска и Клиника за детски болести, рече Клековски.

Клековски посочи дека низ годините „малку пациенти сме имале низ годините, а тоа се тешки и комплицирани процедури за лекување“. Големиот број на повредени во пожарот и тешките повреди биле причина поради која е одлучено да се испраќаат пациентите во странство.

Во моментот на испомош има специјализирана екипа на лекари од Чешка кои веќе работат со лекарите на македонските клиника. Треба да пристигнат и британски експерти за помош во наредните фази на лекување на пациентите кои имаат изгореници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе