Uncategorized Вести Македонија Топ вести

СДСМ бара одговорност од Тошковски – Чупеска му порача на министерот да не кажува селективни информации

Болката е огромна и неизлечива. Изразуваме искрено и длабоко сочувство до семејствата на жртвите и брзо опоравување на повредените, порача Ана Чупеска од СДСМ на прес-конференцијата која почна со едноминутно молчење во чест на жртвите од трагедијата во која згаснаа 59 човечки животи.

„Оставивме институциите да вршат работа, без дневно-политички прашања, но денешната последна прес-конференција на Тошковски нè остави без зборови и нè принуди да реагираме“, рече Чупеска.

Според неа, леснотијата со која Тошковски ја отфрли одговорноста за трагедијата е стравично.

„Да го потестиме дека е министер веќе 13 месеци. СДСМ мислеше дека ќе има доблест да ја каже вистината и да не кажува селективни информации“, додаде Чупеска.

Таа го обвини министерот дека политизира и обвинува други, иако тој е министер веќе цела година, а институциите им се на располагање девет месеци.

„Не се поставени клучните прашања, затоа е овој прес: Министре, нели е срамно да нè поднесете оставка во услови кога цела година оваа дискотека работи без лиценца, чија е одговорноста, ако не ваша, тоа да го проверите. Зошто надлежните не ја затвориле дискотеката која работела надвор од стандарди и во кобниот ден да работи до три часот наутро. Дали и кој е приведен што дискотеката била активна без дозвола и се палел пиротехнички материјали, зошто молчите за ова“, праша Чупеска на вонредната прес-конференција на СДСМ.

Праша и дали е точно дека летово дикотеката била реновирана и пуштена во употреба

„Кој дал дозвола? – Каде е одговорноста и на општината?“, праша Чупеска и апелира до обвинителството да ја истражат несреќата до крај и сите да бидат изнесени пред лицето на правдата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Венс: Ерата на американска доминација во светот е завршена

Дејан Дејан

Удрил тупаница на лекар кој му давал помош во казино, во болница нападнал и се заканувал на полицајци – инцидент во Битола

Дејан Дејан

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе