Вести Македонија Најважни

Повеќе од 20 осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Повеќе од дваесетина лица се осомничени за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Околу 15 од нив се во полициска станица. Дел од осомничените се починати. Четворица се наоѓаат во болница, од кои два члена на бендот ДНК, синот на сопственикот на дискотеката, и управител на фирмата која го менаџирала објектот. На листата се и лица, кои како што изјави министерот Панче Тошковски, имаат директна вина согласно доказите кои ги има МВР. Тоа е организаторот на настанот, како и поранешен државен секретар, раководител на сектор во Министерството за економија, поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени таму. Со над 25 очевидци е извршен разговор.

Инаку, според сознанијата на Телма, фирмата фирмата ММММ кафе ДООЕЛ Кочани раководела со дискотеката. Фирмата која е основана на 29 мај 2020 година. Нејзин сопственик и директор е Александар Карадакоски, кој всушност е во болница и е на листата на осомничени.

„Легална лиценца оваа фирма за работа нема. Не сакам да откривам детали, бидејќи сме во рана фаза на постапка. Оваа лиценца е поврзана со мито и корупција“, изјави Тошковски. 

Две лиценци со датум до минатата година всушност биле фалсификувани. Според сознанијата на Телма при минатогодишна контрола на надлежниот инспекторат ја приложиле фалсификуваната лиценца, но никој не проверил дали документот е веродостоен. Тогаш државен секретар во Министерството за економија била Размена Чекиќ Дуровиќ. Директор на на Дирекција за заштита и спасување беше Беким Максути.

Фирмата ММММ кафе ДООЕЛ Кочани има блокирана банкарска сметка, а според последните бројки во минус била во 2023 година од околу 3000 евра. Во дискотеката за време на коцертот имало околу 500 лица, а биле продадени 250 карти.

„Денес Македонија плаче. Одговорност ќе има. За секој еден од корумпираните, неодговорните и секој еден кој што има директно или посредно влијание за настанување на овој настан“, додаде министерот.  

Пожарот според привичните сознианија избил поради пиротехнички средства кои се користеле за светлосен ефект на концертот на групата ДНК при која загинаа 59 лица, а над стотина се повредени. Кога се активирале прскалките најевројатно искрите го зафатиле таванскиот дел кој бил од лесна запалива материја по што за многу краток временски период пожарот  брзо се проширил низ целата дискотека и се направил густ чад.

Дискотеката се наоѓа во куќа која е со решетки на прозорите и до неа се наоѓаат и други домови на жителите на Кочани. Прашањето кое се поставува е дали објектот каде се наоѓа дискотеката Пулс согласно правилникот ги исполнувал минимално техничките услови за вршење на угостителска дејност.

Висината на подот до таванот треба да изнесува најмалку 2,4 метри. Најмалку 0,8 метри квадратни треба да има обезбеден простор по гостин. Во угостителските објекти треба да има и најмалку еден излез за итни ситуации за капацитет од 100 гости. Во случајов дискотеката Пулс имала петстотина гости значи требало да има пет излези за итни случаи. Согласно прописите во угостителските објекти треба да има и апарати и друга опрема за гасење пожар, а персоналот треба да биде обучен да ракува со нив. Одговорите дали се било согласно правилникот ќе треба да ги даде истрагата на обвинителството.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица со право да гласа и дијаспората

Дејан Дејан

Асмир Јахоски добил нов времен пасош, утрово се пријавил во суд како мерка за обезбедување,  Апелација одговара ние не издаваме пасоши, прашајте кај што издаваат

Дејан Дејан

Протест на медицинскиот персонал во Тетовската болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе