Вести Македонија

Пратениците со сертификат ќе ги контролираат АНБ и АР

Надлежната собраниска комисија ќе оди во надзор на Агенциите за  национална безбедност и за разузнавање. Посетата на 25 и на 27 март ќе ја извршат пратениците кои имаат безбедносни сертификати, а мнозинството од нив ги имаат. Претседателот на комисијата, Скендер Реџепи и пратеникот Беким Сали не поседуваат сертификати, но Славјанка Петровска, која денеска заседаваше со седницата, рече дека не можат да чекаат шест месеци за да ги добијат, па ќе одат без нив.

Комисијата која е задолжена за надзор над следењето на комуникациите, пак, го одбри извештајот за работењето на ОТА за минатата година.

Во него е прикажан бројот на сите следења и снимања на телефонски и електронски комуникации врз основа на примени судски наредби, како и детектираните слабости во законите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Големи протести во Белград

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и локална нестабилност – Временска прогноза за 16.3.2025

Дејан Дејан

Со пасат се судрил со полициски голф, повредени 4-ца полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе