Вести Економија Топ вести

Експeрти: Државата да биде мнозински сопственик во гасната централа, ќе падне ли овој пат договор со турски Казанџи

Ќе успее ли овој пат турски Казанџи Холдинг да влезе во земјава? Ова не е прв пат од групацијата да имаат интерес за реализација на енергетски проекти во Македонија. Пред околу 5 години  Акса  Догалгас која според податоците е подружница на групацијата Казанџи која е формирана во 2002 година, беше една од двете фирми помеѓу кои тогашната Влада, требаше да направи избор кој ќе ја гради дистрибутивната мрежа за гас до домаќинствата во земјава.

Но, тогаш не падна договор со ниту една фирма. Според, информациите во преговорите Акса  Догалгас имала посебни барања. Односно барале промена на формулата за пресметка на пондерираната просечна цена на капиталот, која што се користи за пресметка на профитот на фирмата. Барале во формулата да биде вметната и инфлацијата. Ова за тогашната Влада не било прифатливо.

Другата компанија која исто така била во изборот,  Палмет Енерџи, според информациите откако ги поминала првите две фази, во третата доставила понуда на која стоело името на нивната фирма ќерка.

Сега, Казанџи Холдинг преку своите подружници има интерес да гради дистрибутивна мрежа, топловодна и когенеративна централа.

Премиерот Мицкоски пред неколку дена без многу детали кажа дека изградбата на когенеративните централи се нешто што ќе помогнат за загадувањето. Познавачите пак не се согласуваат со тоа,  а сметаат и дека ако целосно тие објекти се странски, нема да добиеме енергетска независност.

„Јавно и приватно партнерство може, но државата да има 51 отсто сопственост за да може да ја одредува цената на струјата, по која ќе ја продава на домашниот пазар, пред се на домаќинствата и другите корисници.  На тој начин се добива енергетска независност. Друго беше кажано дека ова е единствениот начин за како да се реши аерозагадувањето што ја не се согласувам не само јас има и други има масовна примена на технички пумпи. И со нив може веднаш да се делува не треба  да чекаме ние изградба на централа“, вели за Телма, професорот од машински факултет Ристо Цицонков.

Со турскиот холдинг се разговара за инвестиција од околу 1 милијарда евра. Инаку, Казанџи Холдинг е основана во 1950 година и важи за една од најголемите енергетски групации во Турција.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе