Вести Економија Топ вести

Фантомски фирми ја оштетиле државата за четири милијарди денари    

Управата за јавни приходи ги заврши инспекциските контроли за 10 компании кои со измами добиле незаконски поврат на ДДВ, оштетувајќи ја државата за 4 милијарди денари. Целата документација е предадена на Јавното обвинителство и Финансиската полиција.

Записниците од контролите кај тие десетина компании се доставени до истражните органи. Вкупната сума на утврден непријавен и помалку платен данок во овие контроли изнесува околу четири милијарди денари, рече директорката на УЈП Елена Петрова.

УЈП информира дека нема застој во повратот на ДДВ – досега се исплатени 170 милиони денари. Застојот кај некои граѓани е поради неажурирани податоци. Во однос на наплатата на даноците, годинава е подобра наплатата на сите даноци, освен кај доходот од игри на среќа и исплатата на дивиденди, но не се работи за значителни разлики.

За сите ставки кои претставуваат данок на личен доход во јануари и февруари имаме нешто подобра наплата отколку изминатата година. Има две ставки каде што имаме помала наплата во однос на минатата година и тоа веројатно се должи на некое однесување на даночните обврзници. Гледам дека има малку послаба наплата кај данокот од игри на среќа и кај данокот на доход од капитал, односно дивиденди, но тие разлики не се значителни, рече петрова.

На денешниот брифинг беше соопштено дека граѓаните отсега можат електронски да добијат уверение за остварен доход. Документ кој е потребен за стипендии, вработување, социјална помош, кредити и други услуги. Уверението ќе биде готово за само пет минути.

Со користење на оваа услуга вработените би заштедиле 62 илјади работни часови годишно, со што би имале време да извршуваат други работни задачи.  Услугата е најчесто без административна такса, а за одредени барања ќе чини 100 денари.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе