Вести Економија Најважни

Антимонополска прекршочно гони четири големи ланци маркети и една комора

Комисијата за заштита на конкуренцијата отвори прекршочна постапка за четири големи ланци маркети, но и против една од поголемите комори во земјава – Сојузот на стопански комори.

Според документот до кој дојде Телма, Комисијата тврди дека постапиле спротивно на законот, бидејќи на состанок утврдиле дека нема да примаат нови ценовници од добавувачите до крајот на март. Од ССК се изненадени од одлуката на антимонополската комисија, бидејќи никогаш не се мешале во комерцијалната политика на економските оператори.

Во документот од Комисијата стои дека маркетите и комората на почетокот на февруари во Комората одржале состанок на кој според заклучокот на антимонополската комисија склучиле договор за формирање цени, односно картелско здружување.

Комисијата тврди дека на тој начин фирмите ја замениле состојбата на непречена конкуренција на пазарот, со состојба на практична соработка меѓу претпријатијата чија цел е нарушување на конкуренцијата преку заедничко однесување кон добавувачите. Комисијата почнала да истражува откако било објавено соопштение во медиумите.

„Дополнително во соопштението за јавност дадено од ССКМ се наведува дека на состанокот, исто така, беше договорено меѓу сите малопродажни ланци и локални клучни партнери да не се примаат нови ценовници минимум до крајот на првиот квартал оваа година со што ССКМ влијаел да се стекне перцепција и кај другите претпријатија кои вршат продажба на стока на мало во неспецијализирани продавници, како и кај добавувачите дека ваквиот договор е постигнат меѓу сите учесници на овој пазар и со тоа влијае на однесувањето и на субјектите кои не биле присутни на состанокот. Заради наведеното ССКМ претставува учесник во евентуално забранетиот договор картел или усогласено однесување како координатор“, пишува во документот од Комисијата за заштита на конкуренцијата 

Од ССК, пак, сметаат дека Комисијата треба повторно да ја разгледа целата состојба.

„Уште еднаш потврдуваме дека не постои основ за вакви постапки од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата и сметаме дека треба повторно да се разгледа целиот случај“, се вели во одговорот од ССК до Телма. 

Вториот заклучок за поведување на прекршочна постапка до кој дојде Телма, пак, е само против ССК, затоа што Комората не им ги доставила потребите документи кои ги барала во целата постапка.

Сите засегнати страни имаат рок од осум дена да се жалат, по што ќе се утврдува дали ќе бидат казнети или не.

Проблемите со цените се провлекуваат веќе подолго време. Се донесе и Закон за нефер трговија кој се очекува да стави ред, а Комисијата се доекипира за да може да следи дали се почитува или не.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе