Вести Македонија

Постапка за оценување на стажот на јавните обвинители додека се членови на Советот на јавни обвинители – Уставен ја прифати иницијативата на обвинителката Ристовска

Уставниот суд денеска едногласно одлучи да поведе постапка за оценување на стажот на јавните обвинители додека се членови на Советот на јавни обвинители. Обвинителката Ленче Ристовска поднела иницијатива со која го оспорува членот на Деловникот за работа на Советот, кој предвидува дека мандатот на обвинителите во ова тело ќе им се смета како позитивно оценет јавно-обвинителски стаж.

Според подносителката, додека се членови на Советот, обвинителите не вршат јавнообвинителска функција и не може да бидат оценувани, па со тоа мандатот не може да им се смета „позитивно оценет јавно-обвинителски стаж“. Таа тврди дека тоа прашање не може да се уредува со Деловник, бидејќи изворно не е уредено со законски пропис, па излегува дека самите членови си донеле поволности за себе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе