Вести Македонија Топ вести

Абдул Јашари алиас Ал Албани: Доби позиција во сириска влада, а од Македонија му ги следат активностите и бил дел од истрагата за смилковскиот масакр

Еден од четворицата македонски државјани останати во Сирија и Ирак како припадници на радикални милитантни структури, Абдул Јашари како командант на екстремистичката група „Џемати Албан“ речиси два месеци има фунција во новата сириска влада, формирана по падот на режимот на Башар Ал Асад. Информацијата ја објави и агенцијата Ројтерс која се повикува на извори од сириската влада.

Абдул Јашари е познат и како командант Абу Ал Катада Албани. Идентитетот и фотографиите му беа сокриени со години, а за првпат му беше објавена слика на крајот на декември од канцеларија во Дамаск. Во Македонија треба да се гони за кривично дело „учество во странска војска“, а од АНБ кратко ни одговорија дека ја следат ситуацијата.

„Активно ја следиме ситуацијата во Сирија, а секако и активностите на лицето, во рамки на делокругот на надлежностите на Агенцијата“, ни одговорија од АНБ. 

Според сознанијата на странските служби кои пристигнале во Македонија, Јашари алиас Албани важел за водач на Фронтот Ал Нусра, огранок на Ал Каеда во Сирија. Поради тероризам, Американците го ставаат на црната листа и му ги забрануваат финансиските трансакции. Потоа станува командант на „Џемат Албан“, мала екстремистичка група составена од Албанци од Македонија, Косово, Албанија и други делови на Европа.

Во Македонија имало повеќе истраги во кои се споменувало неговото име. Тој дури бил и дел од истрагата за масакрот кај Смилковско Езеро на Велики четврток во 2012-та, кога беа ликвидирани четворица тинејџери и еден жител на Смилковци.

Сведокот со заштитен статус го препознал Јашари по карактеристичната фризура, па бил баран како сведок. Но, полицијата и адвокатите од одбраната никогаш не го нашле на адресата во скопски Аеродром, ниту во Чаир каде е роден.

По смилковскиот масакр, Јашари исчезнува од Македонија и подоцна е утврдено дека станал дел од радикалните структури во Сирија. Останува таму повеќе од 12 години, а по ланскиот преврат во Дамаск, станува владин функционер и добива чин полковник.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството го оформи предметот по бурните реакции за токсичната прашина од РЕК Битола

Дејан Дејан

Поради израелската блокада во Појасот Газа нема вакцини против детска парализа

Дејан Дејан

По велигденското примирје Русија за едно деноноќие фрли 130 бомби и 77 дронови врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе