Вести Свет

Се сретнаа колоните кои тргнаа на протест кон Крагуевац и на контрапротест во Сремска Митровица: „Истите сме само ние ваму, а тие таму“

Голем број автобуси со босански регистерски таблички беа забележани денеска како влегуваат во Сремска Митровица. Се претпоставува дека превезувале луѓе на митинг на Српската напредна партија што беше најавен да се одржи во тој град денеска со почеток во 17 часот.

Во исто време колони автомобили се движат во другата насока, кон Крагуевац, каде се одржува студентскиот протест „Да се ​​сретнеме кај Сретење“.

– Исти луѓе. Тие се таму, ние сме тука. Чудно чувство во мојот стомак“, пишува на една од објавите на социјалните медиуми.

Некои одат на студентски протест што се одржува во Крагуевац, додека други се упатени на митинг на Српската напредна партија.

По повод одбележувањето на Денот на државноста, во Сремска Митровица ќе се одржи митинг „Се среќаваме кај Сретење“, на кој ќе говори српскиот претседател Александар Вучиќ, а како што е најавено, со акламација ќе биде усвоена „Народната декларација за Војводина“.

Во Крагуевац денеска на големиот христијански празник се одржува собир наречен „Да се ​​сретнеме кај Сретење“, организиран од студенти од тој град, како и нивни колеги од Белград, Ужице, Горњи Милановац, Чачак, Краљево, Нови Пазар, Нови Сад…

Се надеваме на брза победа и успех на нашите студенти бидејќи она што тие го разбудија во нас е емпатија, љубов, победа за таа правда конечно и уште еднаш да го почувствуваме она што многу генерации не го почувствувале, а тоа е слободата, вели Небојша Иванковиќ, локален жител.

 

Тука сум да го поддржам овој студентски бунт, кој прерасна во граѓански бунт, и да се борам за владеење на правото и правдата во ова општество, за Србија да стане земја во која животот е достоинствен и кавлитетен, вели Теодора, демонстрант од Белград.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе