Компанијата „Епл“ го смени називот на Мексиканскиот залив на своите мапи во Залив Америка, откако наредбата на претседателот на САД, Доналд Трамп стана официјална во рамки на Системот за географски информации за имињата на Соединетите Американски Држави.
Промената следуваше и по минатомесечната најава на „Гугл“ дека ќе го направи истиот потег по ажирирање на официјалниот список, пренесува АП.
„Гугл“ соопшти за промените и оти корисниците во САД ќе видат Залив Америка на мапите, додека за корисниците во Мексико ќе прочитаат Мексикански залив.
По доаѓање на функцијата, Трамп нареди преименување на водената површина која ги опкружува САД, Мексико и Куба. Системот за географски информации е официјално ажуриран во викендот.