Вести Македонија

Пеев во „Топ тема“: Филерите се медицински помагала, мали дози на ботулинов токсин може да доведе до парализа на одредена мускулна група

Општите одредби на Правилникот од пред 10 години, кој произлегува од Законот за јавно здравје за работа на здравствените установи, но и козметичките салони, ги ставаат ботулинов токсин, ласерска липосукција и филери на исто ниво со тетовирање, пирсинг и слични козметички третмани, што е сосема различно, вели доктор Игор Пеев, специјалист за пластична и реконструктивна хирургија, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Тоа им дава за право на некои кои што не се медицински обучени лица да го користат овој препарат во своите салони. Нашата идеја е да се отвори иницијатива како подобро и посуштински да се уредат правилата и професионалците кои што можат да го користат ова за да спречиме такви или пострашни катастрофи како ова во Бугарија“, вели доктор Пеев.

Затоа и поднесената иницијатива со барање за средба до собраниската комисија за здравствоо за измени на законот за јавно здравје зад која се потпишани Здружението за естетска медицина, Македонската асоцијација на пластични, реконструктивни и естетски хирурзи и Здружението на дерматовенеролози. Доктор Пеев вели дека имаат поддршка од 300 доктори,  дел пластични хирурзи специјалисти, дел дерматолози и членови на Здружението за естетска медицина.

Доктор Пеев ги појаснува разликите меѓу филерите и ботокс.

„Филерите спаѓаат во групата на медицински помагала. Самиот ботокс е име на бренд, односно фабричко име на една фирма. Во суштина станува збор за токсин од ботулин, костриум ботулин и бактеријата, кој што во мали дози може да доведе до парализа на сакани мускули, со цел да се намали нивната ескпресија, а со тоа последователно и појавата на брчки. И тоа практично е козметичката индикација. Има над 300 индикации во кој што се користи препаратот и надвор од естетската медицина, на пример може да се користи при искривен врат или при појава, на пример, на некои стенози, на хиперхидроза, итн.“, вели Пеев.

Поголеми дози, предупредува доктор Пеев, може да доведат до тешки последици на ботулизам, како што е случајот во соседна Бугарија, односно парализа на големи мускулни групи, како на пример дијафрагма, и може да доведе до фатални последици.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Големи протести во Белград

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и локална нестабилност – Временска прогноза за 16.3.2025

Дејан Дејан

Со пасат се судрил со полициски голф, повредени 4-ца полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе