Вести Македонија Најважни

Еден убиен и двајца ранети во полноќна престрелка во Чаир

35-годишен маж од Скопје почина од повреди нанесени во престрелка во Чаир, соопшти МВР.

Уште две лица се ранети и се задржани на лекување во Клиничкиот центар и во Хируршката клиника Свети Наум Охридски.

Полицијата соопшти дека пријавата за инцидентот стигнала околу полноќ од болница кога двајца ранети биле донесени за лекарска помош. Еден од ранетите починал во болница.

Во акцијата за расветлување на престрелката уапсени се 4-ца на возраст од 22 до 41 години.

Полицијата засега соопшти дека крвавиот инцидент се случил на паркинг. Првичните информации се дека станува збор за недоразбирање во сообраќајот меѓу две групи. Но, се истражува дали пресметката е поврзана со криминални активности или станува збор за личен конфликт што прераснал во оружен напад.

Убиениот Буњаку работел во МЕПСО, поради сообраќај била престрелката- објави полицијата

Соопштение на МВР во продолжение:

На 10.02.2025 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу две групи, при што било употребено огнено оружје.

На 11.02.2025 во 00.06 часот, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени Х.Б.(35) и А.Д.(35), двајцата од Скопје, и дека подоцна Х.Б. починал, а над А.Д. била извршена интервенција и бил задржан на лекување. Поради повреди од огнено оружје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен и Н.Д. од Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

По преземени мерки, а поради сомнение дека учествувале во престрелката, полициски службеници од СВР Скопје околу 01.40 часот во болницата го лишиле од слобода Б.Б.(39) од Скопје, на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Скопје, додека, подоцна биле пронајдени и лишени од слобода Р.Р.(41) и К.Т.(28), двајцата од Скопје.

Исто така, по преземени мерки, на местото биле пронајдени два пиштоли, неколку возила и други предмети поврзани со делото. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

За пет дена 200 возачи фатени без возачка дозвола во Скопје

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Воз удри во автомобил кај Зелениково – МВР соопшти дека нема повредени

Дејан Дејан

Димовски: Потребна ни е сплотеност за подобра иднина на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе