Пораки за обединување околу националните интереси, надминување на разликите и чување на споменот за ликот и делото на Гоце Делчев, беа испратени од политичарите кои денеска положија цвеќе на гробот на војводата. Сто педесет и тригодишнината од неговото раѓање во црквата „Свети Спас“ во Скопје беше одбележана во присуство на државниот врв и бројни делегации.
И од опозициските партии порачаа дека различностите не треба да бидат извор на поделби, туку поттик за подобра перспектива.
Панихидата и годинава ја служеше архиепископот на МПЦ, по што прва положи цвеќе претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Веднаш по неа следеше премиерот, па бројните делегации од пратеници, министри, амбасади, граѓански здуженија, партии и граѓани.
Немаше делегација од Бугарија, ниту, пак, заедничко чествување, поради што и годишнината беше одбележана мирно и без тензии.
Далиборка Демјанска Цветановска