Вести Свет

Нема доволно места во затворите – над 4.000 осуденици во Холандија чекаат за издржување на казни

Над 4.000 осудени лица во Холандија, сторители во 1.158 кривични предмети со жртви, сè уште не се испратени на издржување на затворската казна, бидејќи нема доволно места во затворите, објави денеска холандскиот портал „EenVandaag“.

Државната секретарка за правда и безбедност, Ингрит Кунради изјави дека сегашната ситуација е со „црн статус“, што значи дека во затворите во Холандија повеќе нема слободни места за прием на нови осуденици.

Како резултат на тоа, наведува „EenVandaag“, многу осуденици кои сè уште се на слобода се вклучени во категоријата таканаречени „самопријавувачи“, односно оние кои се осудени на издржување затворска казна, но во моментов не можат да ја одлежат нивната казна.

Во 97 отсто од случаите станува збор за лица кои се осудени на затворски казни помали од една година. Меѓу нив, потсетува порталот, има и лица осудени за кривични дела во кои се загубени човечки животи, како оние во сообраќајни несреќи.

Сепак, во текот на минатата година само 32 лица од тој список доброволно се пријавиле на издржување на казната.

Доколку би се собрале сите казни на кои се осудени сите кои чекаат да одат во затвор, според „EenVandaag“, тоа би биле вкупно 587 години затвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе