Балкан Вести Топ вести

Оставките нема да ги задоволат демонстрантите, недовербата кон Вучиќ е предлабока – дел од светските медиуми за ситуацијата во Србија

Србија минува низ најтешката криза од времето на Слободан Милошевиќ. Протестите остануваат секојдневие, блокадите ќе продолжат и во наредниот период, но, нема да бидат 24-часовни како што беше случај на Автокоманда во понеделникот. Туку ќе бидат во форма на неколкучасовни протестни прошетки, а останува и секојдневниот молк во 11:52 часот, времето кога се падна натстрешницата на железничката станица во Нови Сад која однесе 15 човечки животи. Инженерската комора на Србија беше нивна нова локација претпладнево, каде се предадоа барања со потписи.

Проценките на светските медиуми се дека протестите во Србија нема да престанат и покрај жртвувањето на поедини политички фигури. Германски Зе-Де-Еф пренесува дека студентите имаат симпатии меѓу населението и оти протестите наишле на поддршка кај адвокатите, средношколците, универзитетски професори и земјоделците. Според телевизијата, целта не се оставки на политичарите, туку функционирање и почитување на стандарди на правната држава. Швајцарски Нојер Кирхер Цајтунг пренесува дека „владата и овојпат направила отстапки, но демонстрантите и натаму не веруваат дека тие ќе доведат до посакуваните длабоки структурни промени и оти недовербата кон Вучиќ е предлабока.

Оставката на премиерот, дел од аналитичарите и опозицијата ја толкуваат како „уште едно подметнување од власта“ и обид на претседателот на државата да ја врати контролата. Вучевиќ, според нив, би можел да биде жртвено јагне, со оглед дека на функцијата беше од мај лани, додека фотелјата на Вучиќ е затресена, но сè уште е цврста. На него се гледа како да мери каков чекор да преземе – да оди на предложување на мандатар за формирање на нова влада или да се оди на вонредни избори.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе