Вести Свет

Бела куќа: Итно е потребно продолжување на примирјето во Либан

Белата куќа синоќа соопшти дека итно е потребно продолжување на примирјето во Либан, изразувајќи задоволство поради што израелската армија почна да се повлекува од централните либански региони.

– Целта е да се осигури дека Хезболах нема да му се заканува на либанскиот народ или соседните земји и дека тоа бара итно продолжување на прекинот на огнот, изјави портпаролот на советникот за национална безбедност на Белата куќа, Брајан Хјуз.

Тој нагласи дека САД тесно соработуваат со регионалните партнери за да се постигне договор за продолжување на прекинот на огнот.

– Израелските сили ќе останат во јужен Либан и по истекот на рокот од 60 дена, пропишан во договорот за прекин на огнот со либанската милитантна група Хезболах, бидејќи израелските услови не се целосно спроведени, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи во сила на 27 ноември, а израелските сили треба да се повлечат до 27 јануари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе