Вести Свет

Сексуалните односи не се брачна обврска, пресуди Европскиот суд за човекови права

Европскиот суд за човекови права ослободи од обвинение 69-годишна Французинка, која француски Суд ја прогласи за „виновна“ за нејзиниот развод затоа што одбивала да има сексуални односи со сега веќе поранешниот сопруг.

Судот за човекови права пресуди во корист на Французинката со образложение дека судовите во Франција „го прекршиле нејзиното право на почитување на приватниот и семејниот живот“.

„Судот заклучи дека инсистирањето на таква брачна обврска е во спротивност со сексуалната слобода и правото на телесна автономија“, се вели во пресудата на Европскиот суд.

Станува збор за случај во кој жената се развела од нејзиниот сопруг „врз основа на нејзина вина“, бидејќи, како што пресуди француски Суд, престанала да има сексуални односи со него.

Жената во жалбата пред Судот за човекови права не ја оспори одлуката за развод на бракот, туку основата врз основа на кој тој бил одобрен.

Таа и нејзиниот поранешен сопруг се венчале во 1984 година и имале четири деца, од кои едното било со хендикеп, поради што Французинката морала постојано да се грижи за него, што, според неа, и претставувало дополнителен стрес и напор во бракот. Таа престанала да има секс со сопругот во 2004 година поради, како што тврди, здравствени проблеми и злоупотреба од негова страна.

Врз основа на „одбивањето на сексуални односи“ од страна на жената, француски Суд одобрил развод на бракот во 2012 година, но Французинката незадоволна од таквата одлука поднела жалба со цел да биде ослободена од вината за распадот на бракот. По исцрпувањето сите правни можности во Франција, жената во 2021 година поднела жалба пред Европскиот суд за човекови права.

Адвокатката на Французинката, Лилија Мисен изјави дека пресудата на Европскиот суд за човекови права може да претставува пресвртница во однос на правата на жените во Франција и да стави крај на праксата жените да бидат обвинувани за разводите.

„Судовите конечно ќе престанат да го толкуваат францускиот закон низ призмата на канонското право и да им наметнуваат на жените обврска да имаат сексуални односи во бракот“, рече Мисен.

Француското правосудство не ја коментираше пресудата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе