Вести Македонија Свет

Седум француски семејства поднесоа тужби против Тик Ток обвинувајќи ја платформата за изложување на младите на опасности

Соба која била полна со радости, денеска буди тага.

Стефани Мистре од Франција, секој ден е во собата на нејзината ќерка, ги гледа нејзините слики и се сеќава на нејзиното детство.

Мајката ја нашла својата 15-годишна ќерка Мари почината во детската соба. Разгледувајќи го нејзиниот мобиле телефон по нејзината смрт, Мистре открила дека нејзината ќерка гледала видеа на социјалната мрежа тикток кои промовирале самоубиство, а алголитмот постојано и ја пласирал таквата содржина.

Сега таа и шест други семејства го тужат Тик-ток, обвинувајќи ја платформата за неуспех и за тоа што ги изложува децата на работи опасни по живот.

Пред да изврши самоубиство, Мари направила неколку видеа за да ја објасни својата одлука, наведувајќи различни тешкотии во нејзиниот живот и цитираше песна од емо рап групата Suicideboys од Луизијана, кои се популарни на TikTok.

Нејзината мајка тврди дека таа постојано била малтретирана и во училиште и на интернет. Поднела тужба против 5 соучесници на Мари и нејзиното претходно училиште, сепак смета дека за нејзината состојба е винове Тик-ток.

И во Македонија ситуацијата е драматична. Поради снимање на тик ток видеа животот го загуби 14 годишно девојче од Илинден, а 17 годишна тинејџерка од Маџари заврши со трајни изгореници по телото.

Надлежните засега не размислуваат за забрана за користење на оваа апликација,па за да ги заштитат помладите речиси сите скопски општини во основните училишта донесоа препораки да не се користат мобилните телефони за време на наставата.

 Изминатиов период јавноста беше вознемирена од тик ток предизвиците на младите.  Од снимки како се качуваат на вагон, до тоа повеќе лица креваат во воздух друго лице кое има испружена рака како да е Супермен. А поради последната и актуелена опасна игра, со скршеници се здобиле повеќе од 15 малолетници.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Самоопределување со нова победа на изборите во Косово, но за влада ќе мора да бара коалиционен партнер

Дејан Дејан

КОД: Избегал во странство наместо во затвор, судење кое трае деценија, роднини кои не знаат како е спроведена правда за смрт на нивни блиски во сообраќајни несреќи на пешачки премин

Дејан Дејан

Тошковски најави нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на „црни точки“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе