Вести Македонија

Рокас: Новата влада во Бугарија е одлична можност за Македонија

Формирањето на новата влада во Бугарија е одлична можност за Македонија, рече амбасадорот на ЕУ,Михалис Рокас, кој денеска го посети Куманово. Најави помош во процесот на проширување, но потенцираше дека во  фокусот им се реформите.

-Сега е добар момент, голема можност за напредок во процесот на проширување. Вашиот премиер во декември беше двапати во Брисел, значи веќе има интензивна дипломатска активност. Напоредно со тоа, ние сме фокусирани на спроведување на реформите во вашата земја кои произлегуваат од реформската агенда што неодамна беше усвоена од вашата влада, изјави Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија

Неговиот домаќин, кумановскиот градоначалник, од чија партија  неодамна во Собранието поднесоа Платформа за национално обединување,се надева дека таа ќе биде изгласана пред преговорите, за да се заземе единствена државна позиција.

Вчера, пак, бугарскиот претседател, Румен Радев, во телефонски разговор со  со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и Западен Балкан, Мирослав Лајчак, изразил надеж дека македонскиот државен врв наскоро ќе покаже политичка волја за внесување на Бугарите во Уставот.

Далиборка Демјански

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Самоопределување со нова победа на изборите во Косово, но за влада ќе мора да бара коалиционен партнер

Дејан Дејан

КОД: Избегал во странство наместо во затвор, судење кое трае деценија, роднини кои не знаат како е спроведена правда за смрт на нивни блиски во сообраќајни несреќи на пешачки премин

Дејан Дејан

Тошковски најави нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на „црни точки“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе