Синдикалната кошница за јануари ја потопи мерката “новогодишна кошница” – трошоците за храна и пијалоци се повисоки за 123 денари.
Зошто досегашните мерки за запирање на инфлацијата не даваат резултати.
Повисоките трошоци на живот ќе бидат аргумент плус за зголемување на минималната плата и како на тоа ќе одговори бизнис заедницата.
Во Топ Тема дебата со Слободан Трендафилов од Сојуз на синдикати на Македонија, Трајан Ангелоски од Сојуз на стопански комори и Џемаил Даути од Сојуз на стопански комори на северозападна Македонија.
„Пред се сакам да истакнам дека синдикалната минимална кошничка е единствениот релевантен параметар по кој можеме да ги следиме цените на оние 63 основни прехранбени производи. Ја ажуриравме кошничката пред една година. Она што загрижува дека покрај новогодишната акција, односно Владата не донесе никаква одлука тоа беше барање на бизнис секторот“ изјави Слободан Трендафилов од Сојуз на синдикати на Македонија.
Тој потенцираше дека наместо да имаме намалување на 63 основни прехранбени производи кои требаше да бидат дел од 1000 производи и требаше да бидат намалени за најмалку 10 проценти.
„Така беше ветувањето, такви беа дискусиите на состанокот во Влада, но за само за неколку дена од стартот на кошничката и Владата реагираше затоа што цените не соодветствуваа, а Државниот пазарен инспекторат не можеше да ги казнува, поради тоа што не беше одлука на Владата“ додаде Трендафилов од ССМ.
Загриженоста е што кошничката се зголеми за минимални 123 денари, а очекувањата беа дека ќе се намали за најмалку 2300 или 2400 денари. Од почетокот на годината за 10,43 отсто е зголемен дел од кошницата за трошокот за храна и пијалоци. Резултатот од кошничките од септември покажуваат дека имаме некој стабилен пораст во цените, односно успеаја да ги зауздаат ваквите нефер однесувања од трговците, но во недоволна мера, да покаже намалување на цените.
„Мерките немаат ефект за оние со 100 илјади денари плата, но ако земете во предвид 70 проценти од населението кое прима плата под просечната и те како имаат голем ефект“ порача Трендафилов од ССМ.
Гледјате Топ Тема во 19 и 15 со Тамара Грнчароска на Телма