Мигрантите, екологистите, здравствените и економските власти се загрижени по извршните наредби на кои американскиот претседател Трамп стави потпис. По вчерашниот маратон во Овалната соба, тој денеска на враќање од од инаугуративната молитва во националната катедрала во Вашингтон, по примерот на 10 претседатели пред него, Трамп рече дека службата „не била премногу возбудлива“.
- Што мислите? Дали ви се допадна? Дали ви беше возбудливо?, го прашаа новинарите
- Не беше премногу возбудливо, зар не? Не мислам дека беше добро, не. Фала ви многу. Можат тие многу подобро, рече Трам.
По помилувата денеска двајца осуденици за нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, се ослободени од затвор. Едниот издржуваше 18-годишна затворска казна, а другиот беше осуден на 22 години затвор.
- Мислам дека беа апсолутно оправдани. Не ги знам сите случаи. Сигурно не сакам да помилувам насилни актери, но тука имаше вистински пропуст на правдата за жртвите, за насилниците- Рон Џонсон, Републикански сенатор од Висконсин.
Како што направи за време на неговата прва администрација, Трамп ги повлекува САД од Светската здравствена организација и нареди сеопфатен преглед на трошоците за странска помош на САД. И двата потези се вклопуваат во неговиот поизолационистички пристап „Америка на прво место“ кон меѓународните работи. Многу научници стравуваат дека може да ги врати назад децениските придобивки направени во борбата против заразните болести како СИДА, маларија и туберкулоза.
Трамп ветува дека ќе ги намали трошоците за сите стоки за широка потрошувачка. Тој конкретно ја таргетира Алјаска за проширено производство на фосилни горива. САД повторно е надвор од климатски договор од Париз, нанесувајќи им удар на светските напори за борба против глобалното затоплување. На Светскиот економски форум во Давос европските лидери изјавија дека ќе се држат до договорот иако САД се повлекоа од него.
Во однос на трговијата, претседателот рече дека очекува да воведе царини од 25% за Канада и Мексико почнувајќи од 1 февруари, но одби да ги открие своите планови за оданочување на кинескиот увоз. Претседателката на Мексико побара да се остане со „ладни глави“ и прецизно да се гледа на документот кој го потпиша Трамп, кој влечи корени од неговиот прв мандат.
- Се споменува дека секретарот за трговија и секретарот за домашна безбедност ќе ја проценат илегалната миграција и тековите на фентанил од Канада, Мексико, Народна Република Кина и сите други релевантни јурисдикции и ќе препорачаат соодветни мерки за трговија и домашна безбедност за да се реши оваа вонредна ситуација- Клаудија Шејнбаум, претседателка на Мексико.
Словачкиот и унгарскиот премиер Фицо и Орбан, секогаш критички настроени кон ЕУ и блиски на Путин, тврдат дека светот се „променил“ и се вратил на примарниот пат на историјата. Тие не штедеа пофалби за начинот на кој Трамп го започна својот нов мандат- новиот, западен мејнстрим е про – мир, про-семејство и антимиграција, рече Орбан. Му порача на Брисел да се разбуди и побрзо да се прилагоди на новата ситуација.
- „Ќе се вратиме на примарниот пат на историјата; тоа е сигурно. Го слушавте вчерашниот говор на новиот американски претседател и ги видовте неговите одлуки. Тој ги спомна родовите прашања, миграциските прашања и исто така зборуваше за војната. Новиот, западен мејнстрим е про – мир, про-семејство и антимиграција сега“, рече Виктор Орбан, унгарски премиер.
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг во 35-минутен видео повик разговараа како да изградат врски со американскиот претседател Доналд Трамп, нивното стратешкото партнерство дополнително го го загрижува Западот.
Билјана Ставрова