Вести Свет Топ вести

Приведени четири лица за пожарот во хотелот во кој загинаа 66 луѓе – Ден на жалост утре во Турција

Знамиња на половина копје во Турција и пред турските мисии во странство. Претседател Реџеп Таип Ердоган го прогласи утрешниот ден за Ден на жалост во земјата за 66-те загинати лица во стравичниот пожар во хотел во скијачки центар во северозападниот дел на земјата. Во првиот дел од истрагата се уапсени и четири лица, меѓу кои и сопственикот на хотелот.

Покрај 66-те загинати, повредени се и 51 лице од кои најмалку едно е во тешка состојба. Полицијата потврди дека пожарот избувнал три часа по полноќ на четвртиот кат од хотелот Гранд Картал во Карталкаја, во провинцијата Болу. Во моментот на несреќата, во хотелот биле регистрирани 238 гости, а со оглед дека во тек е зимскиот распуст, речиси, до максимум бил пополнет капацитетот на објектот. Дел од повредените, во обид да се спасат, скокале од тераси и прозорци на собите, некои, пак, се обидувале да се спуштат на безбедно со чаршафи. Преживеаните гости велат дека целосно недостасувале безбедносни мерки, противпожарните аларми не се огласиле, а немало ниту скалила за евакуација.

Од видеата и фотографиите објавени на социјалните мрежи може да се види дека над хотелот се уште се надвиснува чад. И додека надлежните водат истрага за несреќата, во турските медиуми веќе се појавија информации за можните причини за брзото ширење на огнот во хотелот. Некои ја гледаат дрвените облоги на ѕидовите, поставени за подобрување на естетскиот, планински, изглед на хотелот.

Со судска одлука, но и одлука на специјалното владино тело за цензура, владата на Турција забрани емитување на сите видео снимки од несреќата во домашните медиуми.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе