Вести Македонија

ЕСМ: Се нормализира испораката на топлинска енергија во Општина Центар

Рано утрово, екипите на ЕСМ Дистрибуција ги завршија предвидените активности за санирање и отстранување на дефектот на магистралниот вод А во општина Центар.

Вработените успешно ја завршија санацијата информираат утрово од ЕСМ дистрибуција. Додаваат дека по завршувањето на овие интервенции, во тек се активности на полнење на топловодите со што испораката на топлинска енергија до потрошувачите кои се снабдуваат од тој магистрален вод се нормализира и се обезбедува стабилно и непрекинато снабдување за сите потрошувачи во општина Центар со топлинска енергија.

Во текот на вчерашниот ден поради дефект во топловодната мрежа голем дел скопски општини останаа со ладни радијатори.

Причина за ваквата ситуација, како што известија од компанијата, било поголемо истекување на вода од мрежата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе