Уште неколку недели и целосно завршува купопродажбата на Соравиа, тврди во интервју за КОД на Телма, Дрин Ахмети, 26-годишниот внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за зделката која сè уште се истражува во Обвинителството.
Младиот Ахмети вели дека се е чисто во зделката која е под истрага 18 месеци, иако сметката на Соравиа е блокирана, а компанијата должи на УЈП. Имаме разбирање од новото раководство на УЈП за долгот, вели Дрин Ахмети.
Дрин Ахмети тврди дека во октомври лани добил жителство на САД што според него покажува дека Американците не нашле ништо спорно во неговите бизнис зделки. Целото интервју и новите сознанија на КОД за случајот Соравиа во новото издание на КОД кој ќе се емитува по вечерните вести на Телма.