Вести Свет Топ вести

Рама клекна на коленo, пееше песна па ја даруваше и покриваше италијанската премиерка Мелони со марама

Албанскиот премиер Еди Рама  и подари шал на својата италијанска колешка Џорџа Мелони и ѝ пееше роденденска песна за нејзиниот 48 ми роденден.

Рама, кој е многу повисок од Мелони, клекна на едно колено за да го предаде подарокот и пееше „танти аугури“ (среќен роденден) додека двајцата лидери присуствуваа на Светскиот самит за идна енергија во Абу Даби.

 

Рама потоа ѝ даде подарокот на Мелони, објаснувајќи ѝ дека марамата е дело на италијански дизајнер кој се преселил во Албанија.

И покрај нивните различни политички убедувања, Рама и Мелони имаат добри и позитивни професионални односи, што често се забележува на нивните меѓународни средби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху за Палестинците во Газа – може да останат а може и да си одат

Дејан Дејан

Телма во Чучер Сандево: Со пожарникарите и жителите ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Топлото време е подеднакво опасно и за младите и за повозрасните,

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе