Вести Свет Топ вести

Инаугурацијата на Трамп ќе ја прекине 30-дневната жалост во САД за смртта на Картер на 24 часа

Американското знаме во понеделник ќе биде дигнато на врвот на јарболот на Капитол за инаугурацијата на новиот претседател Доналд Трамп, со што на 24 часа ќе бидат прекинати 30-дневните жалости за смртта на поранешниот прв човек во Белата куќа, Џими Картер.

Со таквата одлука, претседателот на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Мајк Џонсон го уважи одбивањето на Трамп да положи заклетва под знаме на половина копје.

Гувернерите на Алабама, на Тенеси и на Тексас најавија дека знамињата во нивните држави на 21 јануари повторно ќе бидат спуштени на половина копје, во знак на жалост за Картер.

По наредба на Џо Бајден, американските знамиња се спуштени на половина копје на 30 дена на зградите на федералната влада и на амбасадите и другите објекти на САД во странство, вклучувајќи ги и воените, како и на бродовите.

Жалоста во САД за смртта на Картер треба да трае до 28 јануари, период што ги опфаќа инаугурацијата и првата недела од неговиот втор мандат, но не е исклучена можноста Трамп да ја поништи наредбата на Бајден на 20 јануари, по преземање на претседателската функција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе